Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Директори до вработените праќаат партиски флаери со кои ја фалат владата?

Двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, на своите вработени наводно утрово им испратиле циркуларна пошта проследена со порака за тоа што направила владата во првите 100 дена од нејзиниот мандат, објави „Независен“.

Како што пишува “Независен”, Клековски и Аџигогов напишале до вработените: „Благодарност до раководството и вработените кои го прават тоа возможно. Поттик да за 1 година влада постигнеме уште повеќе. За нашите осигуреници, за граѓаните, за Македонија“.

А подолу во пораката објавен е и партиски флаер со најголемите постигнувања на Владата.

Дел од вработените можеби се израдувале што од директорите добиле ваква порака, но на најголем дел од нив не им било пријатно да добиваат пропагандни меилови од своите директори, особено затоа што во пораката се наведени проекти кои немаат поврзаност со работата на Фондот.

Фотографијата може да ја погледнете ТУКА.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите со нови најави за следните 4 дена

ДЕСК

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани (фото,видео)

ДЕСК

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол

ДЕСК