23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Прв напад врз центарот на Либан од 2006 година

Народниот фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП) во Либан објави дека тројца негови членови биле убиени во воздушен напад врз Бејрут во раните утрински часови. Нападот во близина на мостот Кола, главна раскрсница во градот, е локација во границите на либанската престолнина, која е за прв пат погодена во актуелната војна. Тоа е и прв напад врз центарот на Бејрут по војната во 2006 година.

Вооружената група соопшти дека се убиени Мохамед Абед Ал-Ал, член на нејзиното политичко биро и шеф на воено-безбедносниот оддел, Имад Одех, член на воениот оддел и воената команда во Либан и Абдул Рахман Абед Ал-Ал.

ПФЛП вети дека „ќе го продолжи патот на борбата и отпорот сè додека окупацијата не биде збришана, без разлика колку долго ќе трае и без разлика колку се големи жртвите“.

Израелската војска изјави за Си-ен-ен дека „го истражува инцидентот“./Извор:Makfax