Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Албанија тргнува јуриш кон ЕУ, првото поглавје се отвора на 15-ти октомври – Македонија ќе почека посреќни времиња

Грција го крена ветото за Албанија. Постојаните претставници на земјите членки во ЕУ едногласно одлучија Албанија да ги продолжи преговорите за полноправно членство кон ЕУ, а првото поглавје се отвора на 15-ти октомври 2024.

Откако беше ослободен градоначалникот од грчко потекло кој пред неколку години бил уапсен во Албанија, Грција се решила на чекор да го тргне ветото, со што патот на Албанија кон ЕУ се отвори.

Втората меѓувладина конференција ЕУ – Албанија е закажана за 15 октомври во Луксембург, кога ќе биде отворено првото поглавје во преговорите, именувано како „Темелни вредности“.

Со ова се скрши митот и желбата на високи дипломати од ЕУ Македонија и Албанија да бидат во пакет и за прв пат се одвојувааат од преговорите.

Со ова Македонија ќе чека некои посреќни времиња, додека Албанија тргнува јуриш напред.

Можеби ќе ве интересира

Гимназијата „Никола Карев“ се прости од загинатите Адам, Марко и Петар

C +

Левица: Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце – голготата на скопјани продолжува

ДЕСК

УХМР издаде метео предупредување: Скопје под закана од попладневно невреме

ДЕСК