9. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Biznispro: Откако илјадници семејства се снабдија со инвертери, цените на пелетите паднаа од 190 до 230 денари за вреќа со се достава

Пелетите за време на енергетската криза скокнаа на над 600 денари, но денес на македонскиот пазар може да се најдат и за 190 до 230 денари од вреќа која тежи 15 килограми и тоа со се достава, пишува Бизниспро.ком.

Многумина граѓани за време на светската енергетска криза, кога енергенсите растеа, а пелетите станаа вистински луксуз од пелети се префрлија на греење со клими, топлотни пумпи и дрвjа.

Дали ова ќе ги врати граѓаните повторно на пелетите засега не се знае, но огласниците и натаму се полнат со огласи за продажба на печки за пелети.

Многумина граѓани за време на кризата во 2022 сакаа да се ослободат од ваквите печки на пелети. Додека продажбата на вакви печки се намалуваше, климите стануваа најбарани продукти.