Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2024

Секоја година во третата седмица од месец септември РСБСП, во соработка со МВР и Факултетот за безбедност Скопје, реализираат кампања за одржлива урбана мобилност по повод Европската недела на мобилност во сообраќајот. Целта на оваа кампања е формирање на здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативните форми на мобилност.

Во рамки на Европската недела на мобилност се спроведуваат активности за подигање на свеста за користењето на велосипед, јавен превоз и други еколошки транспортни решенија. На таков начин ќе се обезбеди унапредување на заштитата на околината, намалување на бучавата и емисијата на издувни гасови од моторните возила, поголема безбедност на сообраќајот на патиштата, унапредување на навиките за квалитетно живеење и подобрување на здравјето на луѓето.

Велосипедскиот сообраќај е еколошки најодржлива форма на сообраќај. Велосипедот е средство за транспорт со кое може директно да се пристапи до целта на патувањето и тоа неспоредливо поевтино од користењето на кое било друго превозно средство. Возењето велосипед се промовира заради следното:

  • велосипедот троши малку енергија,
  • не ја загадува околината,
  • не му е потребен голем простор за движење и за паркирање, а паркирањето е бесплатно,
  • придонесува за намалување на сообраќајниот метеж,
  • придонесува за унапредување на здравјето.

 

РСБСП апелира: Возете велосипед! Изберете еколошко транспортно средство. Да придонесеме за еколошко и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата.

 

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК