Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со прогноза – Следува невреме низ речиси цела Македонија

Денес ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни (над 30 l/m2), повремено поројни, особено во северните и североисточните делови од земјата. Наместа ќе има и ретка појава на грмежи. И утре ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи, особено претпладне. Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од петок се очекуваат нови врнежи од дожд и локала појава на грмежи.

Прогноза за 12.09.2024
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 23°C до 29°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Прогноза за 13.09.2024
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 22°C до 28°C

Променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Прогноза за 14.09.2024
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 21°C до 28°C

Променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и изолирана појава на грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер претежно од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК