16.8 C
Скопје
16. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

„Епл“ набргу ќе го претстави „ајфон 16“, целосно дизајниран со вештачка интелигенција

Американската компанија Епл го објави датумот на својот следен голем настан на кој се очекува да го лансира поновиот ајфон 16, целосно дизајниран со вештачка интелигенција (AI), кој најверојатно ќе биде претставен за десет дена.

Се очекува на специјален настан насловен „Време да блесне“ во понеделник, 9 септември, во 10 часот по локално време во театарот Стив Џобс во Епл Парк и ќе биде емитуван на интернет, објави Си-Ен-Ен.

Медиумите претпоставуваат дека вградената вештачка интелигенција ќе биде клучна карактеристика на најновиот ајфон.

Во јуни, Епл објави серија генеративни функции за вештачка интелигенција за ајфон на својата годишна светска конференција за програмери.

Додека корисниците на ајфон 15 „Про Макс“ веројатно ќе можат да пристапат до барем некои од функциите на AI, претстојниот ајфон 16 се очекува да биде првиот уред дизајниран целосно со вештачка интелигенција./Извор:Makfax