12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Во текот на вчерашниот ден вкупно 25 пожари на отворено, сè уште гори на две места

Центарот за управување со кризи извести дека во текот на изминатото деноноќие, имало вкупно 25 пожари на отворено. Од нив два се уште се активни, два се ставени под контрола а 21 се изгаснати.

Активни пожари има во општината Чашка, кон селото Степанци и место викано Кадиица на граница помеѓу општина Чашка и општина Долнени, и во општина Студеничани, над селото Црвена Вода.

Под контрола се пожарите кај селото Цер, во општина Кичево и на планината Галичица кај местото викано Зли Дол, во општина Охрид.

Изгаснати се пожарите во Општините Демир Хисар, кај Плакенска планина, два во Карпош, во Арачиново, Шуто Оризари, Чучер Сандево, во Илинден, Гостивар, Врапчиште, Брвеница, Радовиш, Македонски Брод, три во Струга, во Кичево, Ново Село, Старо Нагоричан, Штип, Берово и во Прилеп./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Неколку повредени во тешка сообраќајка на патот Демир Капија – Неготино

ДЕСК

Трагедија на македонските патишта: Во тешка сообраќајка загина младо момче

ДЕСК

Голема ноќна полициска акција на повеќе локации низ Скопје – 12 лица паднаа во раце на полицијата

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.