Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Реакција на компанијата Маргенто на објавени текстови за системот за електронска наплата во јавниот превоз во Скопје:

Реакција на компанијата Маргенто на објавени текстови за системот за електронска наплата во јавниот превоз во Скопје:

Во вчерашните објави во медиумите актуелните проблеми со системот за електронска наплата на билети и нефункционалните валидатори во возилата на ЈСП неоправдано се поврзуваат со компанијата Маргенто од Словенија, преку објавување фотографии од валидаторите од наше производство. Како општествено одговорна компанија сакаме да ја известиме јавноста за следново

Маргенто, како глобален дизајнер и имеплементатор на решенија за наплата во јавниот превоз, ги разбира потребите и проблемите на граѓаните, но сите обврски на Маргенто кон ЈСП Скопје завршија на 31.01.2024 година. ЈСП Скопје во постапка за јавна набавка, во која предмет не беше набавка и испорака на нова опрема, туку само одржување на постојната опрема, одбра друг понудувач за периодот од февруари 2024. Исто така, сакаме да истакнеме дека новите “заштитени” валидатори кои се инсталираат во возилата на ЈСП Скопје и сѐ уште не се во функција, не се од наше производство. Оттаму, целосно е некоректно актуелните случувања и проблеми во јавниот градски превоз да се отсликуваат со прикажување на фотографии од опремата од наше производство, во момент кога функционалноста и одржувањето на истите е обврска на новоизбран економски оператор.

Поради сето ова, ја известуваме јавноста дека нашата компанија нема никаква поврзаност со актуелните случувања и ги молиме медиумите моменталните проблеми во јавниот градски превоз да не ги илустрираат со фотографии од нашата опрема.

Компанијата Маргенто, заедно со Македонски Телеком, во 2014 година имплементираше напреден систем за електронска наплата на билети во возилата на ЈСП Скопје и на приватните превозници кој беспрекорно функционираат веќе десет години. Во тој период, со голема посветеност и постојан развој овозможивме ЈСП Скопје да изврши наплата на билети во износ од над 100 милиони евра, а картичката СКОПСКА стана симбол на јавниот градски превоз.

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК