Centar.mk
ЛОКАЛНО

Крушево: Можен е прекин на вода во текот на денот поради проблеми со електричната енергија нанесени од вчерашното невреме

Соопштение од Комуна Крушево:

Од страна на ЕВН неофицијално сме известени за проблеми во снабдувањето со електрична енергија и тоа може да влијае на работата на пумпната станица во Норово и водоснабдувањето на дел од градот. До овој момент немаме потврдна информација, но голема е веројатноста да настапат прекини во водоснабдувањето на градот како последица на проблемите со електричната енергија.

Секоја подетална информација ќе биде навремено споделена со граѓаните на Крушево и корисниците на услугите на „Комуна“.

„Поради намалена издашност на изворите „Комуна“ ја вклучува во функција пумпната станица во Норово. Имаме најава за одредени проблеми на мрежата за снабдување со електрична енергија и тоа ќе оневозможи водоснабдување преку пумпата. Од досегашните информации, кои се се’ уште неофицијални, постои веројатност за прекини во водоснабдување на делови од град Крушево.“, изјавија од ЈП „Комуна“ Крушево.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК