Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тројца кичевци побарале лекарска помош кога вдишиле чад од запалената депонија

Лекарска помош побарале три лица од Кичево, кои вдишиле чад од пожарот на депонијата во близина на „Комуналец“.

Нивната здравствена состојба се влошила, објави МВР во дневниот билтен.

Станува збор за лица од 26- до 37-годишна возраст, кои, според информациите од полицијата, вчера по вдишувањето на чадот, се упатиле кон приватна здравствена установа во градот.

МВР презема мерки за расчистување на настанот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Струга се гради и развива, Владата продолжува со инвестиции тука

ДЕСК

Велигденските цени се доказ дека народот во Македонија веќе не ни преживува, тврди Левица

ДЕСК

Уставниот суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и член 78-љ од Законот за култура

ДЕСК