Centar.mk
фото Градоначалник на Пехчево
МАКЕДОНИЈА

Сијарто ќе прател три противпожарни возила на „северномакедонските пријатели“ – Муцунски и МНР имаат обврска да реагираат

Унгарската Влада ќе испрати три противпожарни возила како помош за Македонија во справувањето со пожарите, пишува 24ИНФО.мк.

Ова го потврдил унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во разговор со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски, пренесува унгарскиот портпарол Золтан Ковач.

„Со летните топлотни бранови жал ни е што слушаме за огромни шумски пожари во нашето пошироко соседство. За жал нашите северномакедонски пријатели сега се соочуваат со екстремни предизвици предизвикани од такви пожари. Како пријатели мораме да им помогнеме„ изјавил Сијарто.

Придавката северномакедонски не постои и Министерството за надворешни работи досега постојано реагирало на секоја употреба на несоодветната придавка.

Но, до овој момент МНР се уште нема своја реакција, а министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски има обврска да му објасни на својот колега од Унгарија дека не постојат северномакедонски, туку Македонци од Северна Македонија, наведува 24 ИНФО.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК