Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ласовска до заменик-министрите: Работете домаќински

Вашата улога како заменици е еднаква со онаа на министрите затоа што треба да им бидете десна рака на министрите, рече пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Собранието, на која се расправаше за предлогот за заменик-министри во Владата.

Според неа, замениците заедно со министрите треба да го трасираат патот кон кој ќе се движи Македонија.

„На 8 мај, на изборите, здружената опозиција извојува историски најголема победа. Јасно е зошто е тоа така, затоа што народот верува дека ќе може да направи позитивни промени“, рече Ласовска.

Пратеничката Ласовска со порака до заменик-министрите.

„Работете домаќински со буџетот и почитувајте го Собранието. Почетокот на Владата е одличен, не губиме надеж и покрај лошата затекната ситуација во институциите“, рече Ласовска.

Ласовска укажа дека програмските определби ќе се реализираат до последно.

„Се влезе во институциите и се констатира историски грабеж. Но, ние сите еднакво продолжуваме со реализирање на ветеното, односно сега веќе на владината програма“, заклучи Ласовска на денешната собраниска седница.

извор: Makfax.com.mk

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК

ВЛАЖНИ ПАТИШТА И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ – АМСМ со предупредување за возачите

ДЕСК