Centar.mk
РЕГИОН

Стапалата и дланките на детето му ги ставал на врел шпорет: семејно насилство во Белград

Насилникот И.А. (40) го претепал неговиот син со раце и нозе во стан во Белград, а потоа му ги ставил стапалата и дланките на врел шпорет.

Осомничениот се товари за семејно насилство, пренесуваат српските медиуми.

Момчето било примено во болница во тешка состојба. Имало гребнатинки и модринки.

Но, при прегледот лекарите констатирале дека има изгореници и на дланките и стапалата.

За се е известено обвинителството и Центарот за социјална работа во Белград.

Момчето според написите, се уште е во тешка состојба./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ер Србија евакуираше уште 266 лица од Дубаи во Белград

C +

Хаос на бензинските пумпи во Црна Гора по предупредувањето од нафтените компании

C +

ВОНРЕДНА ОДЛУКА: Српската влада одлучи да забрани извоз на нафта и сите нафтени деривати за моторни погони

ДЕСК