Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Четворица малолетници пронајдени затруени, итно биле пренесени на Токсикологија

Четворица малолетници биле пронајдени попладнево во безсознание во куќа во Скопје.

Тинејџерите биле пренесени на лекување на Клиниката за Токсикологија.

Малолетните лица биле на возраст меѓу 14 и 17 години, две од нив биле машки а две женски лица и биле со пореметена свест.

Според лекарите на малолетниците им била пружена помош и земени одредени клинички иследувања и две од децата биле стабилизирани а две се со потешка клиничка слика.

И од МВР со потврда за информацијата. Според полицијата, нивните службеници на терен затекнале двајца од четворицата во безсознание, како и алкохол и психотропни супстанци.

Полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и притоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци. Лицата се пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со Јавен обвинител, кој излегол на лице место, се преземаат мерки за расчистување на случајот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Пост-мониторингот заврши, но потребни се уште многу тешки реформи

ДЕСК

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК