Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ТЕМПЕРАТУРИТЕ СКОКААТ НА 42°C, ТОПЛОТНИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА – Метеоцентар ја објави најновата детална прогноза

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Од четврток до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 12.07.2024
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 34°C до 42°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во западните планински региони ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. UV=9

Прогноза за 13.07.2024
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 35°C до 42°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. UV=9

Прогноза за 14.07.2024
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 34°C до 42°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во западните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. UV=9

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК