Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Компанија што 16 години работи тука Мицкоски ја презентира како нова инвестиција

Компанијата „Вабтек МЗТ“ работи во Македонија уште од 2008. Мицкоски од САД објави дека американската компанија „Вабтек“ е новата странска инвестиција, која ќе вложи 35 милиони евра во земјава и со која ќе се отворат 100 работни места.

Американската компанија за сопирачки работи е дел од македонската економија веќе 16 години а дел од американската комора Ам-Чам уште од 2010 година и цело време произведува сопирачки за шински возила. Инаку компанијата има моментално финансиски предизвици и не може да ги сервисира кредитите.

Фирмата во Македонија е позната како „Вабтек МЗТ“ и се наоѓа во погоните на поранешниот Металски завод „Тито“ во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК