Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка близу Валандово помеѓу неколку возила, има повредени кои со болнички се пренесени во болница

На 07.07.2024 околу 18.30 часот во Полициската страница Валандово било пријавено дека на регионален пат 1401, делница помеѓу Валандово и село Костурино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(62) од с.Колешино, струмичко, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(60) од Скопје и патничко возило „пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(59) од с.Злеово, радовишко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Д.(64) од с.Чифлик, пехчевско, а со телесни повреди се здобила Т.Ј.(40) од с.Злеово, радовишко, и двете сопатнички од возилото „пасат“, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК