Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Езерската полиција спаси две малолетни лица кои со кајак се превртеа во Охридско Езеро

На 08.07.2024 година во 09.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, на плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на кајак клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица.

По добиената пријава, полициски службеници од Езерската полиција со пловен објект се упатија на посоченото место и во водите на езерото, на околу 100 метри од плажата, забележани се двете малолетни лица кои на себе имаа појаси за спасување. Тие со полицискиот чамец се префрлени во полициската станица, каде им е укажана прва помош.

Можеби ќе ве интересира

Савески да постапи веднаш: Славески да се тргне од функцијата за да се заштитат доказите!

ДЕСК

Фрчкоски: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

ДЕСК

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИ

ДЕСК