Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

КАМПАЊА „ЗА БЕЗБЕДНО ЛЕТО“

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во
соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност –
Скопје, денес во Дојран реализираат активности од летната кампања „За
безбедно лето“.

Кампањата се реализира со цел подобрување на безбедноста на
сообраќајот на патиштата преку подигање на свеста кај македонските и кај
странските учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и
прописи, со акцент на подигањето на свеста за влијанието на високите летни
температури, заморот, неприлагодената брзина и конзумирањето алкохол врз
способноста за управување со моторно возило.

Во рамки на летната кампања „За безбедно лето“ се реализира кампања
под мотото „Вози одморен“. Во рамки на оваа кампања се спроведуваат
превентивно-едукативни активности и се дели рекламен материјал, вода и
безалкохолни пијалоци.

РСБСП апелира: Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и
прописите, возачите да возат одморени, на секои 2 часа да прават паузи од
околу 15 минути, да не возат уморни и под дејство на алкохол, и да

консумираат повеќе безалкохолни пијалоци.
ВОЗЕТЕ ОДМОРЕНИ, ВОЗЕТЕ БЕЗБЕДНО!

ДА ЈА ПОДОБРИМЕ БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА!

фото Републички Совет за безбдност во сообраќајот

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ќе има редовни избори, но ако има иницијатива од опозицијата за предвремени избори, ќе ја поддржиме и одиме на избори

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот

ДЕСК

Мицкоски: Ако Мацура работел со руски капитал, зошто Владата на СДС и ДУИ влегла во деловни односи со таа банка

ДЕСК