25.8 C
Скопје
23. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јаневска најави нов скок на платите за наставниците

Уверувам дека ќе направиме максимални напори за да овозможиме платите постепено да растат, а до крајот на мандатот ќе потпишеме и нов колективен договор за основно и за средно образование. Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во дневникот на Сител информираше дека со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура веќе разговарала за можностите за унапредување на статусот на наставниците и за обезбедување на повисоки плати.

Јаневска посочи и дека во моментов МОН ги консултира наставниците дали да има само електронски дневник или да се врати и хартиениот од идната учебна година.

„Пред неколку дена заврши проектот за изготвување нов електронски дневник и тој сега е на располагање на МОН. Разбрав дека истиот има добра заштита, за да не може да се бришат оценки и изостаноци. Но ние спроведуваме анкета меѓу наставниците дали сакаат само електронски или и хартиен дневник. Како ќе се изјаснат така и ќе постапиме, но мое мислење е дека сепак, треба да има и некоја скратена, печатена форма на дневник за евиденција“, рече Јаневска.