29. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претпладне сончево и топло време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени. UV=7

Во Скопје претпладне сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

До петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град. Дневната температура постепено ќе опаѓа. За време на викендот се очекува стабилно и потопло време./Извор:Makfax