Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полициски приведувања на неколку локации

На 23.06.2024 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Р. (23) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Л.Р. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (24.06.2024) во 00.25 часот во Скопје, на патот кај Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.З.(24) и М.А.(25), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (24.06.2024) во 00.55 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.06.2024 во 12.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(39) од Р.Словенија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по чл.236 од КЗ на РСМ. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК