24.8 C
Скопје
14. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Чувајте се: Продолжуваат пеколните температури некаде и над 40 степени, наутро кога треба да биде најладно ќе биде 20 – Метеоцентар објави детална прогноза!

Нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло. Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени. Недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 22.06.2024
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 33°C до 39°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне облачноста ќе се зголеми. УВ=9

Прогноза за 23.06.2024
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 39°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8

Прогноза за 24.06.2024
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 32°C до 38°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. УВ=9