16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Температури и до 36°C, но и можност за летно невреме! – Метецеонтар со детална прогноза за времето

Од утре под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува сончево и се потопло време. Температурата ќе биде во пораст, а за време на викендот и на почетокот на неделата претежно во јужните делови ќе има услови за појава на попладневна нестабилност со повремен пороен дожд проследен со грмежи, наместа процесите ќе бидат и во вид на изолирано невреме со пороен дожд, грмежи и услови за град.

Прогноза за 01.06.2024
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 26°C до 33°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. UV=7

Прогноза за 02.06.2024
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 27°C до 35°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови претежно во јужните делови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. UV=8

Прогноза за 03.06.2024
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 36°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. UV=8