39.8 C
Скопје
15. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

Патувајте удобно и сигурно со Mastercard World Debit од Халкбанк

Време е кога интензивно почнуваме да размислуваме каде да го поминеме годишниот одмор. Без разлика дали ќе се одлучиме за активен или пасивен одмор, патувањето е секогаш можност да се создадат нови спомени. Но притоа, многу е добро да се ​​има кредитна картичка за меѓународно патување бидејќи може да обезбеди низа придобивки и заштита додека патуваме. Токму таква е Mastercard World Debit кредитна картичка издадена од Халкбанк која влегува во категоријата Премиум дебитни платежни картички.

Mastercard World Debit картичката е наменета за физички лица со редовни месечни примања кои се приматели на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје. Користењето на картичката е без провизија за плаќање во трговската мрежа и без провизија за подигнување на готовина од банкоматите во Р.С. Македонија.

Оваа картичка, која се печати на пластика која се рециклира и е со уникатен дизајн со движењето на Балканскиот рис кој е национален симбол на државата, нуди низа предности и привилегии во земјата и во странство. Па така, сопственикот на ваква картичка добива СМС инфо без надомест, информација за секоја трансакција и состојба на сметка, електронско и мобилно банкарство и истата е без еднократен надомест и без надомст за месечно одржување, како и без надомест за повлекување на средства од сите банкомати во земјава.

Со самото врачување на картичката клиентот станува и  дел од програмата Lounge Key која нуди можност за поудобно патување. Секој сопственик на Mastercard World Debit  картичката добива бесплатен пристап во ВИП салоните на аеродромите во Скопје, Белград, Виена, Софија и Истанбул кои нашите граѓани најчесто ги користат за меѓунарони летови,  додека за останатите, секој влез ќе биде наплатен.

Исто така со станување на дел од семејството на Mastercard World Debit на Халкбанк бесплатно се добива и услугата Асистенција на пат – пакет Европа од Халк Осигурување која е многу значајна за сите оние кои патуваат со возило. Повеќе информации за оваа поволност можете да прочитате на следниот линк Македонски – Mastercard World Debit (halkbank.mk)