Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Утре уживајте во сонцето и високите температури, од сабота навечер следува невреме – Метеоцентар со детална прогноза

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има се до средината на следната недела.

Прогноза за 18.05.2024
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 23°C до 28°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме.

Прогноза за 19.05.2024
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 27°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Од попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 20.05.2024
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 22°C до 29°C

Променливо облачно со повремен дожд. Наместа и особено во делови од Повардарие ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Филипче за надзорната расправа за Алта банка: Сите кои биле вклучени ќе мора да одговорат пред граѓаните

ДЕСК

ДЕНЕСКА ДО 18 СТЕПЕНИ – Еве каде ќе има дожд, а каде сончеви периоди

ДЕСК

Претседателот на Уставниот суд на Австрија, потпретседателот и член на Венецијанската комисија говорници на Меѓународната конференција организирана од Уставен суд

ДЕСК