23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна во името на „Македонија“, а не на „Република Северна Македонија“ како што е предвидено со договорот од Преспа, пишуваат утрово грчките медиуми.

„Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси. И повторуваме дека секој напредок во билатералните односи, како и секој чекор на Скопје кон Европа, зависи од искреното почитување на договорите. Од правилната употреба на уставното име на соседната држава. И, секако, од избегнување предизвици. Провокативниот избор на новата претседателка на Северна Македонија да го прекрши официјалниот текст на заклетвата и да ја нарече својата земја со друго име е незаконска и недозволива иницијатива. Акт со кој се кршат договорот од Преспа и самиот Устав на нејзината држава. Сепак, поткопувајќи ја нејзината иднина, како што веќе изјавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, нагласува Мицотакис во својот пост на „Фејсбук“.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во објава на Хго опиша фактот што новата претседателка на Северна Македонија не го употреби уставното име на земјата за време на церемонија на полагање заклетва како многу разочарувачки./Извор:Makfax