Centar.mk
фото Општина Битола
ЛОКАЛНО

Продолжува реконструкцијата на улицата “Стив Наумов”

Продолжува реконструкцијата на улицата Стив Наумов во должина над 2 километри. Денес, извршено е преасфалтирање на раскрсницата кај УЗ Стево Патако, односно првиот дел, за кој од изведувачот беше побарано да изврши корекција на сопствен трошок и асфалтирањето да биде квалитетно завршено. Покрај овој дел, се асфалтираше и на потегот кај Гостинската куќа „Чола“, како и уште еден дел во непосредна близина, за да се овозможи ослободување на сообраќајот, а работните активности во следните денови да продолжат непречено.

Од понеделник, продолжува реконструкцијата на делот од Гостинската куќа „Чола“ до улицата „Пецо Божиновски“.

Инфраструктурниот проект за улицата „Стив Наумов“, вклучува комплетна реконструкција на водоводната, канализационата мрежа и коловозот.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело Скопје

ДЕСК

Герасимовски: 36 хористи од „Кочо Рацин“ наградени за триумфот во Херцег Нови, Центар пее гордо!

ДЕСК

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

ДЕСК