Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните се за европска иднина, Македонија нема време за губење, велат од СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Граѓаните се за европска иднина, за подобар животен стандард, повисоки плати и пензии, раст на економијата, европско образование, европско здравство, европско судство, заштита на животната средина, стабилна и предвидлива иднина.

Тоа го покажа и вчерашниот голем митинг на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за Претседател, Стево Пендаровски.

Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ може да се подобрат состојбите во здравството, во судството, во образованието, борбата против криминалот и корупцијата.

СДСМ и Коалицијата за европска иднина имаат јасен, конкретен план за европската иднина на Македонија.

Од друга страна ДПМНЕ има план кој не е план, план за мораторум за ЕУ. Ќе го одложуваат патот кон ЕУ и за неуспесите ќе ја обвинуваат ЕУ. Спремни се да изгубат уште 11 години од нашите животи, од животите на нашите деца, на нашите внуци.

Македонија едноставно, нема време за губење.

На овие избори понудата пред граѓаните е надеж за подобро утре во Европската Унија од една страна и безнадежност, изолација и рампа на патот кон Брисел од друга страна.

Иднината на Македонија е во ЕУ. Со СДСМ нема откажување од иднината.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Без слободни и одговорни медиуми нема информиран демос, а без активни граѓани – нема демократија

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо

ДЕСК