Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Темни облаци и силно невреме низ Македонија во најава – Метеоролозите објавија четиридневна прогноза

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Прогноза за 21.04.2024
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег.

Прогноза за 22.04.2024
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 14°C до 22°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 23.04.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 11°C до 19°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

C +