19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

УХМР со вонредни најави за времето – Метеоцентар со детална прогноза

Под влијание на серија на влажни бранови, до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме.

Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период.

Прогноза за 18.04.2024
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 20°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Прогноза за 19.04.2024
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. На планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Прогноза за 20.04.2024
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 8°C до 16°C

Променливо облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Спонзорирано: