24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
dozd
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Следува драстична промена на времето – Метео центар со детална прогноза за следните 4 дена

Од утре до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре и во четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период.

Прогноза за 18.04.2024
Минимална температура: 5°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 20°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер.

Прогноза за 19.04.2024
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Прогноза за 20.04.2024
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 15°C

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Спонзорирано: