Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Пред четири години Силјановска кривично ќе ги гонеше потписниците на Преспанскиот договор, а денес е благодарна на НАТО

„Пред четири години главната опозициона кандидатка има изјавено дека потписниците на Преспанскиот договор треба да бидат кривично гонети и кривично да одговараат. Сега вели дека е добро што сме членка на НАТО. Епа госпоѓо, без Преспа, нема НАТО“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Велес.

Тој додаде дека Силјановска Давкова исто така изјави дека според НАТО стандарди ќе бирала и врховен командат.

„Според Уставот, за кој таа се фали дека е стручна, таму пишува дека врховен командат е претседателот, а според највисоки НАТО стандарди се бира началникот на Генералштаб“ рече Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК