Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсен 39-годишник од Студеничани, возел „џип компас“ евидентиран во базата на Интерпол како украден

На 27.03.2024 во 15.40 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Р.(39) од с.Црн Врв, општина Студеничани. При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото „џип компас“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, евидирало во базата на Интерпол како украдено, соопшти МВР.

Тој бил задржан во Полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК