Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Тунева: Моја оценка е дека медиумите генерално се држат до професионалните стандарди

Моја оценка е дека медиумите, зборувам за повлијателните редакции, генерално се држат до професионалните стандарди. Секако, одвреме, навреме, кај секој од нив може да се забележат и некои отстапувања како од некои професионални репери, така и од некои етички постулати. Ова посебно во време на избори кога медиумите се често под силни влијанија на одредени центри на моќ, пред сè, од страна на политичките партии.

Но, една од клучните професионални обврски на редакциите е да не подлегнат, да издржат било какви притисоци за политизирање и партизирање на нивните медиумски содржини. Да одолеат на нечии очекувања и да се држат до професионалните принципи зашто тоа од нив го очекува медиумската публика.

Затоа, не би генерализирала дека во период на избори медиумите дозволуваат да им се влијае со разни притисоци. Кај нас има доста медиуми кои најпрофесионално си ги извршуваат и своите професионални и своите одговорни општествени обврски, рече Марина Тунева, експертка за комуникации, во утринското гостување на „Слободен печат“.

Целото интервју погледнете го на Слободен печат (ЛИНК).

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Студеничани – откако полицајците сакале да го приведат осомничениот се насобрала поголема група на луѓе, а притоа лицето избегало

ДЕСК

Тажна вест: Почина уште еден затвореник во Идризово

ДЕСК

Физичка пресметка меѓу жени на Бит Пазар

ДЕСК