Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

НЕВРЕМЕ, ПА СОНЦЕ И ТЕМПЕРАТУРИ НАД 22 СТЕПЕНИ: Драстични промени со времето – Метеоцентар со детална прогноза

До четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Утре врнежи ќе има попладне и во текот на ноќта кон среда, пообилни во западните делови. Во четврток претпладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во пораст, особено во петок и за време на викендот кога на повеќе места ќе биде над 20 степени.

Прогноза за 27.03.2024
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд, наместа поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 28.03.2024
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 29.03.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 17°C до 22°C 4

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од денешното ВМРО

C +