Centar.mk
фото Centar.mk
РЕГИОН

Хаос во Хрватска – најавен штрајк

Работниците на Задарското пристаниште утре претпладне ќе штрајкуваат бидејќи работодавачот не се согласил на зголемување на платите за 200 евра, соопшти денеска Хрватскиот синдикат за транспорт и врски.

„Платите ни се 700 евра, што за денес е под секое ниво. Работа има, има и профит, така што нашето барање за зголемување на платата за 200 евра може да се оствари“, изјави синдикалниот претставник Никола Тута, пренесува ХРТ.

Тој најави дека работниците утре во знак на протест ќе престанат со товарање и истовар на товар од бродови.

Задарското пристаниште е во сопственост на кинеската компанија Džingšon Hua, а дополнителен проблем е што директорот на компанијата моментално не е во Задар.

Штрајкот го поддржаа 90 отсто од работниците на Задарското пристаниште, кои порачаа дека протестот ќе продолжи се додека не се исполнат барањата.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРИЈА ПЛАНИРА 245 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ЗА СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА – Во фокус семејствата и децата

ДЕСК

ГРЦИЈА ДЕНЕСКА ОБЈАВИ НОВ ПОВИК – Се бараат тројца кандидати за Комисијата за конкуренција

ДЕСК

ДЕНЕСКА ВО 14 ЧАСОТ СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ДРЖАВНА СЛУЖБА – Црна Гора го објави распоредот на кандидатите

ДЕСК