Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска во посета на објектот на старото училиште „Димитар Влахов“ во преспанското село Љубојно

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска и проф.-др Елизабета Бандиловска, член на Советот за македонски јазик, утре, понеделник (18.3.2024 г.) во 11:00 часот ќе направат увид во проектот за реконструкција и адаптација на објектот на старото училиште „Димитар Влахов“ во преспанското село Љубојно.

Старото училиште „Димитар Влахов“, како дел од споменичната целина Љубојно, е во режим на заштита од 2020 година. По неговото автентично обновување, ќе биде „Центар за промоција на македонскиот јазик“.

Можеби ќе ве интересира

Сеизмолошка опсерваторија излезе со детали за потресот – ова се деталите

ДЕСК

ЗЕМЈОТРЕС ПОЧУВСТВУВАН ВО СКОПЈЕ: Регистриран потрес со јачина од 3.5 степени

ДЕСК

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

ДЕСК