19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
dozd
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Времето повторно се менува: Синоптичарите со вонредни најави за следните 4 дена

Во понеделник условите за појава на краткотраен дожд ќе се намалат, а во вторник времето повторно ќе биде променливо облачно со локален дожд. Температурите до вторник ќе бидат без некои поголеми промени. Во среда се очекуваат врнежи од дожд, ќе започне да дува северен ветер поради кој се очекува благ пад на дневната температура.

Прогноза за 18.03.2024
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 19.03.2024
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 12°C до 17°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 20.03.2024
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 15°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Спонзорирано: