Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Судир на возила на патот Куманово – Крива Паланка, има повредени

На 12.03.2024 во 07.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, локален пат кон с.Клечовце и локален пат кон с.Макреш, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(53) од с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(42) од с.Долно Соње, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.С., а со телесни повреди се здобил И.Б., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

НОВА АНКЕТА ЈА ОТКРИ ПОЛИТИЧКАТА СЛИКА – ВМРО-ДПМНЕ со 24%, СДСМ со 8,5%, еве ги рејтинзите на сите партии

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

ДЕСК