18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Лефков: Пендаровски е политичар без став

„Стево Пендаровски тврдеше дека ставот на Бугарија за промена на Уставот е мешање во внатрешните работи на Македонија.

Пендаровски не застана тука, туку тврдеше дека ставот на Бугарија – „сменете го Уставот, па дојдете да разговараме“ е преседан од невидени размери.

За на крај Пендаровски да каже дека го кажува гласно неговиот став и дека не мисли дека уставните измени се нешто страшно“, вели Миле Лефков пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашува кој е ставот на Пендаровски, дали тој од 2022 и почетокот на 2023 година или тој по потпишувањето на бугарскиот диктат?

„Како може граѓаните да му веруваат на Пендаровски кога тој не само што ги менува своите ставови, туку тоа го прави и дијаметрално спротивно, од „промена на устав е вон памет“, до „промената на уставот е сосема во ред“.

Стево Пендаровски е политичар без став, негов став е секогаш тоа што ќе му кажат СДС и ДУИ, затоа менува ставови, и дури кога некој ќе помисли дека нешто паметно кажал, тој веднаш добива воспитна од партискиот штаб и се потстројува зад Ковачевски и Ахмети“, додава Лефков.

Оценува дека со право народот вели дека немаме држава, според него, со Пендаровски како претседател секој ден ја губиме, и време е да ја вратиме.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК