Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична против полицаец од Битола: ја истепал невенчаната сопруга

СВР Битола – Отсек за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против Џ. Р., полициски службеник во Полициската станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело телесна повреда при вршење семејно насилство, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик, извести МВР.

„На 29.1.2024, во Битола, Џ. Р. физички ја нападнал невенчаната сопруга и ѝ нанел телесна повреда. Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплината по член 210 став 1 точка 10 и 20 од колективниот договор на МВР и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР“, соопшти МВР.

Одделот за внатрешна контрола изрече и мерка за одземање на оружјето од пријавениот полициски службеник.

Можеби ќе ве интересира

Внатрешна контрола: Нема незаконско постапување при одбиениот влез на британските државјани

ДЕСК

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК