4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ескобар: Дијалогот со Бугарија треба да остане заснован на факти и обврската дека и натаму ќе имате перспектива во ЕУ

Американскиот заменик помошник државен секретар, Габриел Ескобар, изјави дека САД го охрабруваат дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, којшто треба да остане заснован на факти и базиран на обврската дека Северна Македонија и натаму ќе има перспектива во ЕУ.

„Мислам дека имаме гаранции од Бугарија дека сакаат Северна Македонија да стане членка на ЕУ. Северна Македонија треба веднаш да биде целосен кандидат за полноправно членство во ЕУ“, рече Ескобар, пренесе „Дојче Веле“.

Говорејќи за претстојните избори во земјава, Ескобар рече дека од која влада и да дојде, ќе очекуваат да биде посветена на ЕУ и НАТО како и на борбата против корупцијата.

Ескобар кој утре ќе допатува во Приштина истакна дека овојпат нема да го посети Скопје, бидејќи не сака посетата да се протолкува како мешање во внатрешните работи пред изборите.