Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Доаѓа циклон кој носи многу дожд и големо невреме – Метеоцентар со детална прогноза за она што не очекува следните 4 дена

Под влијание на циклонска активност утре попладне, во текот на ноќта и во вторник времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен и пороен дожд (над 20 l/m2), проследени со силен ветер (над 70 km/h) и појава на грмежи.

Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет.

Прогноза за 12.03.2024
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Прогноза за 13.03.2024
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 14.03.2024
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 10°C до 17°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Напад со тврди предмети, едно лице пренесено на клиника

ДЕСК