Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Времето се менува – Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

Во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, а претежно во планинските региони ќе има услови за локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува засилен јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст. Нестабилно време со повремено пороен дожд проследен со грмежи ќе има на почетокот на следната работна недела.

Прогноза за 10.03.2024
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец, а ќе засилува и преку ноќта.

Прогноза за 11.03.2024
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 17°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен до силен (над 70 km/h) ветер од јужен правец.

Прогноза за 12.03.2024
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +