Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МОМЧЕТО КОЕ ПОЧИНА ОД УДАР ОД ГРОМ, ПРООДЕЛО СО ЈАГНИЊАТА, СТАНУВАЛО ВО 5 НАУТРО ДА ГИ ИЗМОЛЗЕ ОВЦИТЕ, ПА ОДЕЛО НА УЧИЛИШТЕ: „Се радуваше на животот, уживаше да работи и со мерак работеше“

На фејсбук групата „Земјоделие“ се споделува потресен текст за момчето кое вчера почина од удар од гром во Негорци.

„ Премногу е болно и тажно,но сакав да ја споделам оваа тажна вест во најголемата земјоделска група .
Царство -небесно Трифун Бучков ,
Плачам и пишувам …..

Денес Македонија загуби едно златно дете од удар од гром на само 17 год. пасејќи ѓи овците во околината наречена ,,К’рот”во атарот на село Негорци.

Дете кое прооде со неговите јагниња и на нивата во полето,на тракторот…

Дете кое стануваше во 5 ч.наутро да ги измолзе овците и потоа одеше на училиште, а потоа повторно одеше да помогне на неговата фамилија.Дете кое се радуваше на животот,секогаш насмеан,сакан од најблиските,не се жалеше на работата туку напротив уживаше и со мерак ја работеше како возрасен земјоделец и сточар.

Тој ги почитуваше сите..и старо и младо…

Имаше многу пријатели од сите националности

и често другаруваше со нив.

нека ти е светол патот….“, пишува во текстот споделен на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК