15. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Камери ќе ве снимаат за брзо возење и поминување на црвено, а казната ќе стигнува во плик

Извршено е тестирање на опремата од системот „Сејф сити“ во поглед на брзото возење и поминувањето на црвено, а во тек е и пристигнување на целокупната опрема и подготовките за поставување на новите локацииСејф сити функционира само на одредени локации во Скопје, Куманово и Тетово, но веројатно ќе биде вклучен и Штип кој е меѓу градовите предвидени со овој систем, пишува Градска.мк.

Камерите имаат мерачи на брзина и можност да препознаваат кога се прави прекршок со поминување на црвено светло.Остануваат измените на Законот за безбедност во сообраќајот, па тие ќе почнат да се употребуваат и во пракса.

„Имплементацијата на надградбата на системот Безбеден Град е во почетна фаза. Во тек е пристигнување на целокупната опрема и подготовките за поставување на новите сајтови, и се очекува наскоро истата да се инсталира. Претходно веќе е извршено одредено тестирање на опремата во поглед на брзо возење и поминување на црвено и резултати од тестирањето на опремата и камерите се позитивни“, велат од МВР.

Оттаму велат дека чекаат законски измени за да казните можат да се изготвуваат и стигнуваат директно на домашна адреса.

„Во постапка се измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во кој ќе се уредува начинот на обезбедување и испраќање на доказниот материјал до сторителот на прекршокот“, додаваат од МВР.

Засега не можеме да информираме кога точно ќе биде пуштен во употреба новиот систем бидејки тоа е класифицорана информација, појаснуваат од МВР.

Покрај веќе наведените, од „Сејф сити“ ќе има казни и за непрописно паркираните возила, кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот во градските средини, а спас ќе нема ниту за возачите кои не ги носат безбедносните појаси, како и оние кои користат мобилен телефон додека управуваат со автомобилот.

За граѓаните, Сејф сите е добра работа, бидејќи освен сообраќјана, ќе има заштита и од криманал и насилство.