17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Колева: ДПМНЕ и Мицкоски да се извинат за сите лаги за трагичниот случај со малата Вања

„ДПМНЕ, Ковачев, Јанушев и лично Христијан Мицкоски треба да излезат и да им се извинат на македонските граѓани и на македонската полиција.

Одделот на внатрешна контрола на МВР по спроведените проверки и контроли констатирала дека во грозоморниот случај со малата Вања и чичко Панче полицијата постапила соодветно, согласно предвидените процедури и планови, за нивно навремено пронаоѓање“, реагира Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Според неа, утврдено е дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка кон било кого.

„Додека целото општество беше во тага, ДПМНЕ, Ковачев, Јанушев, дури и лично Мицкоски овој случај постојано го злоупотребуваа. Секој ден фрчеа прес конференции од белата палата полни со лаги.

Во отуство на политичка понуда, без осет и без основа го обвинуваа МВР и поранешното раководство на чело со Спасовски дека не постапиле навреме, дека било закаснето делувањето.

Сите нивни лаги денеска се потопени“, оценува Колева..

Се потврди, додава таа, дека ДПМНЕ е единствена партија која злоупотребува вакви случаи со лаги.

Колева оценува дека сите надлежни институции покажале посветеност и професионалност на високо ниво во расветлување на грозоморните убиства, кои го потресоа целото општество и тоа е за поздравување.

„Мицкоски и ДПМНЕ да излезат и да се извинат за безобраните лаги“, истакнува Колева.

Спонзорирано: