23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Следува голема промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, а повремено наместа ќе има услови за слаб локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст. Нестабилно време со нови поинтензивни врнежи проследени со грмежи се очекува во почетокот на следната седмица.

Прогноза за 09.03.2024
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно со слаб локален дожд. На планините на северозапад со слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 10.03.2024
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 11.03.2024
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 18°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен до силен (над 70 km/h) ветер од јужен правец.